МАКЕДОНИЈА

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
МАКЕДОНИЈА

македонија вечна


    ANT5ICKI JAZIK MAKEDONSKI I STARO SLOVENSKI JAZIK RAZLIKI 1

    avatar
    Admin
    Admin


    Број на мислења : 19
    Age : 42
    Location : makedonija
    Registration date : 2007-12-23

    ANT5ICKI JAZIK MAKEDONSKI I STARO SLOVENSKI JAZIK RAZLIKI 1 Empty ANT5ICKI JAZIK MAKEDONSKI I STARO SLOVENSKI JAZIK RAZLIKI 1

    Пишување  Admin Пон Апр 20, 2009 1:56 pm

    DALI JAZIKOT NA ANTICKITE MAKEDONCI BIL SLICEN SO JAZIKOT NA SLOVENITE

    Thursday, 21. December 2006, 15:52:51


    Нема сигурни докази дека античко-македонскиот јазик не бил сличен со словенскиот.

    Античко-македонските зборови стигнале до нашево време преку својата грчка транскрипција, која го отежнува нивното етимолошко и изговорно одгатнување!
    Продолжуваме со извадоци од мојата необјавена книга под
    работен наслов "Античко-македонското наследство во дене шната македонска нација".
    Во следниве неколку броеви ќе направиме осврт кон извесен број зборови од античко-македонскиот јазик.
    Самото поставување на прашањето:
    Дали јазикот на античките Македонци и бил сличен со јазикот на Словените претставуваше (и се уште претставува) вистински ерес? Секој што ќе го поставе ше ова прашање кај нас наидуваше на вистинска лавина од напади и истиот во најмала рака беше прогласуван за "несериозен национал-романтичар" и сл.
    Кои беа причините за ваквите реакции?
    Верувам дека и самите тие, кои го критикуваа поставувањето на ова прашање, ќе се согласат дека главните причини за ваквата нивна реакција беа:
    1.Досегашното непостоење на "стурни" докази дека античко-македонскиот јазик бил ист со словенскиот, кое главно се базира на фактот што од античко-македонскиот јазик, денес се зачувани релативно мал фонд зборови.
    Но, овде нападно се наметнува едно контра-прашање.
    Имено, доколку е неспорен фактот дека од античко-македонскиот јазик досега се зачувани мал број зборови, кој тогаш им дава за право на некои да тврдат дека наводно "со сигурност се знаело дека античко-македонскиот јазик не бил сличен на старословенскиот"!
    Како може такво нешто да се тврди за јазик чиј фонд на зборови и структура "не се знаат"?
    2.Предрасудите дека античките Македонци биле "Грци" (или во најмала рака "хеленски балкански народ"), а дека Словените отсекогаш биле "народ со прататковина од зад Карпатите, не може ни да се помисли дека имаат некаква заедничка врска.
    Ваквите ставови се вкоренија како апсолутни во официјалната историографија и затоа, секаков обид за нивно оспорување, беше дочекуван "па нож" од нивните застапници и следбеници.

    Наспроти ова, постојат моменти, кои и тоа како, ги разнишуваат фундаменталните основи на ваквите ставови (иако тоа се уште не значи сосема позитивен одговор на прашањето за сличноста помеѓу античко-македонскиот и старословенскиот јазик).
    Но, да посочиме некои од нив.
    Најнапред да повториме дека Словените (Венетите) имале своја високо развиена култура и писменост (кои биле уназадени поради нивниот подолг престој помеѓу позаостанатите народи, за што веќе имавме пишувано).
    За ваквата писменост на Словените (Венетите) пишува и Плутарх,кој во животописот за Ромул напишал:
    "Етрурците по потекло се Пелазги со свое писмо, како и Венетите.".
    Повеќе од јасно е дека за оваа древна писменост на Венетите (Словените), за која сведочи Плутарх, подоцна пишува и Црноризец Храбар, кој во своето дело "О писменех" пишува:
    "Порано, пак, Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и Гатаа исто како и многубошците."
    Значи, сепак Словените порано имале своја писменост и култура што воопшто не одговара на нивниот опис како "варвари", кој впрочем бил даван исклучиво од нивните непријатели.
    Но, дали постојат траги од оваа древнословенска писменост и каде се тие?
    Лингвистички траги од древниот словенски јазик има токму на Балканот!

    СЛОВЕНСКИ ЗБОРОВИ ВО АНТИКАТА

    Во досегашната теорија, според која, македонските Словени (Склавини или Венети)потекнуваат од зад Карпатите, вистински потрес внесоа лингвистичките откритија, кои се однесуваат на постоењето словенски зборови на Балканот со векови пред наводното прво појавување на Словените, во 6 век.
    Овде предлагам да се потсетиме и на оригиналниот текст на Илијадата од Хомер.
    Ова дело, како што знаеме, е создадено во 8 век п.н.е.
    Co внимателна анализа на оригиналниот јазик, на кој било напишано ова дело, идентификувани се 83 зборови кои, не само што се слични (па дури и идентични) по својот изговор, туку имаат и иста етимологија со соодветните зборови од денешниот македонски јазик (a ги има и во останатите т.н. словенски јазици)
    Да се потсетиме дека ова дело било напишано најмалку 12 векови пред наводната прва појава на Словените на Балканот, во времето на Големата преселба на народите.
    Истовремено, овие зборови се сосема различни од соодветните грчки зборови.
    Ова неодамнешно откритие што го направи македонскиот историчар (кој живее во Канада), г. Одисеј Белчовски, ни посочува нови хоризонти во истражувањето на македонскиот етнички корен.
    Да посочиме неколку примери во врска со ова.
    Така на пример, во јазикот на кој е напишана Илијадата (а тоа е јазикот на кој пишувал Хомер), македонскиот збор здраво е напишан како дравикос, додека на грчки здраво е Гјасу.
    Понатаму денешниот македонски збор вино кај Хомер е напи шан како оинос, додека на грчки вино е краси.
    Денешниот македонски збор треси, кај Хомер е напишан потполно идентично како треси, додека на грчки овој збор гласи доно или сено.
    Потполно идентични (по изговор и по етимологија) зборови од јазикот на Хомер со соодветните зборови од дене шниот македонски јазик се и зборовите лута, мили, ајде, бие, пиете, мои, мирис и други, додека овие зборови на грчки гласат апотомос, просфилис, липон, дерно, пини, дикому, осфраноми.
    Значи разликата е повеќе од очигледна.

    Освен нив, рековме дека останатите седумдесетина зборови од јазикот на Хомер се многу слични со соодветните зборови од денешниот македонски јазик (имаат ист корен и етимолошко значење), a ce сосема различни од соодветните денешни грчки зборови.
    Во следните неколку броеви ќе приложиме извесен број автентични античко-македонски зборови што, повеќе или помалку, личат на зборови од денешниот македонски јазик (но и на зборови од другите т.н. словенски јазици), a ce различни од соодветните зборови во грчкиот јазик (поради што впрочем и останале запишани во наративните извори како оригинални македонски зборови).
    Јас само ќе ги пренесам овие зборови,проследени со кратки сопствени размислувања, a доколку има основа да се поткрепат ваквите размислувања, лингвистите нека се нафатат со натамошна обработка.Но,пред тоа да спомнеме уште нешто.
    И овде не можам да се воздржам, а да не го спомнам проблемот со грчката транскрипција, преку која овие оригинални античко-македонски зборови дошле до нашево време, извртени и преиначени, во склад со тогашните норми на овој туѓ јазик.
    Грчката транскрипција на овие зборови е како тешка завеса поставена помеѓу нас и нив - завеса од која не можеме да видиме како тие изгледале (звучеле) во оригинал, туку само можеме да ги насетиме нивните контури.
    Ова е навистина трагично.
    Можеби некој античко-македонски збор, по изговор и по етимологија, бил потполно ист со нашиот соодветен збор, но до нас стигнал извртен преку туѓата грчка транскрипција, која, згора на се, ние мораме да ја почитуваме(!?).
    Така, за ваквиот евентуален збор ќе мораме да изјавиме дека, така како што останал запишан на грчки, е сосема различен од нашиов (иако тој можеби бил ист!?).
    Индиција дека ова е можно, претставуваат неколкуте античко-македонски зборови што ќе ги приложиме во продолжение.

    ГРЕШКИТЕ ВО ГРЧКАТА ТРАНСКРИПЦИЈА

    За да го појаснам ова подобро, повторно ќе направам една современа аналогија.
    Кога ги истражував написите за Илинденското востание во Јапонија, забележав дека јапонската транскрипција на имињата на нашите градови и села (а секако и на другите зборови), прилично отскокнува од оригиналните називи (нормално дека е така и во обратна насока, т.е. во македонската транскрипција на имињата на јапонските градови).
    Така, на пример, македонскиот град Крушево на јапонски се пишува и чита како: Куричева.
    Е, сега да замислиме еден хипотетичен експеримент.
    Да претпоставиме дека на група од дваесетина македонски лингвисти ќе им го покажеме зборот Куричева (без да им ја откриеме неговата етимологија, туку само да им напомнеме дека се работи за јапонска транскрипција на еден наш збор) и да ги замолиме да си го кажат своето мислење во врска со неговата етимологија.
    Сигурен сум дека дел од нив, воопшто нема да го препознаат името на нашето Крушево.
    Дури и ако некој се посомнева во тоа, сигурно дека некој друг ќе го демантира; ќе полемизираат; ќе си докажуваат и т.н., но сигурно дека сите заедно нема да изјават дека се стопроцентно сигурни оти станува збор за градот Крушево.
    А, зошто нема да го препознаат овој наш близок и драг збор?
    Само поради неговата туѓа транскрипција!
    Веќе спомнавме дека транскрипцијата направена на туѓите јазици, всушност претставува еден вид "ненамерен фалсификат", направен во однос на оригиналот. (Крушево од страна на Јапонците "ненамерно е фалсификувано" во Куричева, исто како што и ние името на веќе спомнатата држава Sverige, "ненамерно Го фалсификуваме", т.е. транскрибираме како Шведска итн.).
    Сигурно дека истото се случило и со античко-македонските зборови, кои до нас стигнале преку туѓата грчка транскрипција, т.е. преку нивниот "ненамерен Грчки фалсификат".
    Но, она што е најлошо е фактот дека ние, сакале или не, сме должни овие зборови да ги анализираме исклучиво низ филтерот на ваквата транскрипција, земајќи ја истата како "ортинал", т.е. како нивни најстар запис (!?).
    И не само тоа.

    Доколку се случи некој, на пример, послободно да ја транскрибира оваа грчка транскрипција на денешниот македонски јазик, тој веднаш се прогласува за "фалсификатор" (!?).
    Значи, грчката транскрипција не е "фалсификат", таа е "оригинал"(а всушност не е!), а македонската транскрипција на грчкиот "фалсификат".
    Спомнавме дека голем број научници ја имаат предвид оваа состојба, но во недостиг на други извори и самите тие се принудени да ги работат своите истражувања врз основа на грчката транскрипција на сите зборови од тогашните балкански негрчки јазици што останале до денес.
    Исто така, веќе наведовме примери и со личните имиња, кои, иако ги носеле припадници на различни народи, во нивниот тога шен грчки опис го добиле типичниот грчки завршеток "с".
    Што се однесува до географските поими, пример за тогашната различна транскрипција на ист поим, претставува името на областа Пајонија. Имено, на оригиналните пајонски пари, сосема јасно се чита името Пајонија (Пауоуга), додека во некои тогашни наративни извори (Херодот и други), истата оваа област, се среќава под името Пеонија (Paeonia).
    И топонимот Суза, кај Диодор е запишан како Susiane, a кај некои останати извори е запишан како Ѕиѕа.
    Исто е и со името на еден азиски град.
    Кај Куртиус Руф името на овој град е запишано како Mazagae,a кај Аријан истиот град е запишан како: Massaga.
    Има уште многу други вакви примери.
    Како дециден доказ за непрецизноста на грчката транскрипција на античко-македонските зборови, ќе го спомнеме и случајот со името на античко-македонскиот бог на војната.
    Д-р Наде Проева ("Студии за античките Македонци", стр. 169), наведува два грчки написа со името на овој бог (кои секако дека завр шуваат на грчкиот завршеток "с").
    Во едниот напис името на овој бог е запишано како Таимос (со прва буква "т"), а во другиот истото име е запишано како Тхаиллос (со прва буква "тета").
    Значи, секој од запишувачите го запишал (транскрибирал) ова име онака како што му одговарало, па така имаме две различни грчки транскрипции на едно исто античко-македонско име!

    Ова е уште еден доказ за непрецизноста на грчката транскрипција на тогашните античко-македонски зборови, преку која, за жал, ние денес сме принудени да ги изучуваме истите.
    Значи, и покрај сите тешкотии, што ги наведовме во минатиот број, а кои се поврзани со грчката транскрипција на античко-македонските зборови, јасно се забележуваат сличности (па дури и идентичности) помеѓу одреден број античко-македонски зборови со денешниве македонски (и останати словенски) зборови. За останатите кои, на прв поглед, воопшто не личат на нашиве, да се потсетиме на примерот за Крушево и Куричева, што го спомнавме во минатиот број.
    Но, некој можеби оправдано ќе забележи дека сличноста помеѓу античко-македонските зборови и денешните македонски (но и други словенски) зборови не би вредела ништо, доколку нивната етимологија е различна. И во многу други јазици, кои немаат никаква врска помеѓу себе, постојат зборови, кои слично се изговараат, но немаат никаква заедничка етимолошка врска, што значи дека нивната сличност е само обична случајност. За да го објасниме ова, ќе спомнеме еден пример на споредба помеѓу збор од македонскиот и од друг странски јазик, чиј изговор е ист. Така, на пример, во денешниот македонски јазик постои зборот суши, а ист ваков збор постои и во јапонскиот јазик. Во обата јазика зборот суши исто се изговара. Па, зарем тоа значи дека овие два збора имаат некаква врска? Секако дека не. Тие немаат никаква врска токму поради нивната различна етимологија. Кај нас зборот суши е глагол, а во јапонскиот јазик, зборот суши значи вид Џдење од солени риби. Значи, токму поради различната етимологија на овие два збора, со сигурност можеме
    да заклучиме дека идентичноста во нивниот изговор е чиста случајност.
    Но, доколку етимологијата (а не идентичноста или сличноста во изговорот) навистина е пресудниот фактор, кој одредува дали два збора имаат меѓусебна врска или не, зарем не е ист случајот и со сличноста помеѓу античко-македонските и денешните македонски (и други словенски) зборови? Зарем и нивната сличност не е чиста случајност, доколку етимологијата им е различна? Веднаш ќе одговориме на овие оправдано поставени забелешки.

    НЕСИГУРНОСТИ ВО ЕТИМОЛОГИЈАТА

    Како прво, аргументирано ќе ја побиеме теоријата дека етимологијата е апсолутниот параметар, кој ја одредува евентуалната врска помеѓу два збора.
    Ова ќе го побиеме со добро познатиот факт дека етимологијата воопшто не е апсолутна, туку и таа е релативна и променлива категорија.
    Постојат примери кога еден ист збор си го задржал својот изговор низ вековите, а си го променил етимолошкото значење, кое станало сосема различно или сродно (но не и исто!) во однос на првобитното.
    Да го земеме на пример зборот јад.
    Во делото "О писменех" од Црноризец Храбар, зборот јад се среќава со етимолошкото значење - отров, а денес зборот јад значи душевна мака (според Речник на македонскиот јазик).
    Значи, во истиот македонски јазик, за истиот збор, низ вековите останал истиот изговор, a ce сменила неговата етимологија и таа, во случајов, станала сосема поинаква.
    Ќе наведеме и други вакви примери.
    Зборот брак (6paKf) во т.н. црковномакедонски (црковнословенски) јазик значел свадба, а денес истиот овој збор има многу пошироко значење.
    Обратен е случајот со зборот брашно (брашвно).
    Во т.н. црковномакедонски јазик овој збор значел храна, а денес истиот овој збор има многу потесно етимолошко значење.
    Слична е состојбата и со зборот врач (врачв).
    Во т.н. црковномакедонски јазик овој збор значел лвкар, а денес има поинакво значење.
    Зборот диво (диво) во т.н. црковномакедонски јазик значел чудо, а денес истиот овој збор го среќаваме како придавка со значење за нешто примитивно.
    Зборот љуто (л то) се чини целосно ја променил својата
    етимологија, за разлика од изговорот кој останал ист.
    Така, во т.н. црковномакедонски јазик овој збор значел напор, труд, a денес истиот овој збор го среќаваме како придавка со поинакво значење.
    Целосна промена на етимологијата (но, не и на изговорот) имаме и кај зборот прст (првств).
    Во т.н. црковномакедонски јазик овој збор значел прав, земја, што е сосема различно од денешното етимолошко значење на овој збор.

      Сега е точно Сре Мај 15, 2024 5:02 pm