МАКЕДОНИЈА

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
МАКЕДОНИЈА

македонија вечна


    bukures 2008

    avatar
    Admin
    Admin


    Број на мислења : 19
    Age : 42
    Location : makedonija
    Registration date : 2007-12-23

    bukures 2008 Empty bukures 2008

    Пишување  Admin Пон Апр 20, 2009 1:36 pm

    Проширувањето е една од најуспешните политики на Унијата што стимулира просперитет на општествата, смета шефот на романската дипломатија



    Романија ќе биде домаќин на самитот на НАТО во почетокот на април. Ова е голема чест, но во исто време и голема обврска поради важната дебата во врска со поканите за земјите од т.н. Јадранска група на самитот на НАТО.

    Мое лично мислење е дека одлуката да се избере Романија како домаќин на средбата на високо ниво се базира на нашиот углед меѓу членките на Алијансата, како резултат на нашиот придонес во исполнувањето на целите и мисиите на НАТО. Самитот во Букурешт не само што ќе биде најголем настан чиј домаќин била Романија туку во исто време и најголем самит во историјата на Алијансата. Како земја-домаќин, во наш интерес е да имаме успешен самит и од логистичка перспектива, што претставува прерогатив за Романија, и од суштинска точка на гледање, што е одговорност на сите членки на Алијансата. Се надеваме дека самитот во 2008 година ќе одбележи значаен напредок во имплементирањето на амбициозните проекти и иницијативи почнати во области како што се политиката за проширување, енергетската безбедност, реформите на партнерството во Алијансата итн.

    Дали сметате дека очекувањата на Македонија во процесот за прием во НАТО се реални? Може ли да очекуваме некаква поддршка или помош од Букурешт и на кој начин?

    Политиката на „отворени врати“ на НАТО се покажа како значајна иницијатива за внатрешна трансформација и модернизација во земјите што и' се приклучија на Алијансата по завршувањето на студената војна. Тоа е случај и со сегашните кандидати. Силно ја поддржуваме одлуката, во Букурешт, за проширување со сите три земји-кандидати од Западен Балкан: Македонија, Хрватска и Албанија. Таквата одлука ќе ги рефлектира успешните реформи во текот на осумте години во Акциониот план за членство. Проширувањето на НАТО со сегашните кандидати од Западен Балкан ќе биде една од најважните одлуки што ќе се донесат од сојузниците за време на самитот во Букурешт.

    Романија е против независноста на Косово. Зошто? Дали гледате можност за домино-ефект во ова?

    По прогласувањето на независноста, косовскиот проблем стана комплексен и на сите им е јасно дека тој не може да биде решен преку ноќ. Се согласивме дека речиси десетгодишното статус кво на Косово не може да биде пролонгирано и сега во 21 век преговорите меѓу инволвираните страни треба да бидат правило. Унилатерална акција не е решение. Нашиот став во врска со прашањето за статусот произлегува од фактот дека силно веруваме во тоа дека одржливо решение може да се постигне само со почитување на меѓународното право (експлицитна спогодба меѓу Белград и Приштина заверена во Советот за безбедност на ОН). Ова е единственото сценарио за да се постигне ситуација во која и двете страни се победници.

    Како нова членка на ЕУ дали имате чувство дека некои „Европејци“ и нивните влади се скептични, па дури и ксенофобични во однос на идното проширување со земјите од Балканот?

    Проширувањето е една од најуспешните политики на Унијата што стимулира просперитет, развој и модернизација на општествата. Убеден сум дека сите земји-членки го признаваат овој аспект и дебатата во врска со проширувањето во Унијата е природен дел од процесот за прием и треба да биде разбрана како таква. Како што знаете, проширувањето е внимателно спроведувана политика и мора да се исполнат јасни критериуми. Од сопствено искуство знаеме дека политичките ангажмани мора да бидат преведени во силни акции, а имплементацијата на реформите е од најголемо значење. Нашето искуство во европскиот интегративен процес покажува дека приемот не е лесна задача... Наш цврст став е дека земјите од Западен Балкан имаат европска иднина.

    Постојат шпекулации дека романски и бугарски државјани не се добредојдени како работна сила во „постарите“ ЕУ-држави. ..

    Сите земји-членки на ЕУ се согласни со тоа дека слободното движење на работната сила е фундаментално начело на внатрешниот пазар, чие имплементирање значајно ја поддржува конкурентноста и економскиот раст во ЕУ. Како државјани на ЕУ, романските работници во целост ќе го уживаат ова право на среден рок. Договорот за прием на Романија и на Бугарија во ЕУ им дава на „старите“ земји-членки можност да воведат ограничувања што ќе се однесуваат на нивните пазари на труд за период од максимум седум години. Моментно, сите „стари“ земји-членки ги проценуваат овие рестрикции и почнаа делумно да ги отвораат своите пазари на труд за романските (и бугарските) државјани.

    Сега има околу два милиона романски граѓани што работат во земјите-членки на ЕУ. Ве уверувам дека тие се добро интегрирани во општеството на земјата-домаќин и тие се сметаат за доверливи и вредни работници. Но, сакам да додадам дека романските граѓани се' помалку и помалку се заинтересирани да работат во странство и дел од оние што веќе работат во странство ја разгледуваат можноста за враќање дома.

    Што е потребно да се направи за унапредување на македонско-романските економски односи?

    Економските односи стануваат се' подинамични. Обемот на нашата комерцијална размена во последниве две години се зголеми и надминува 100 милиони долари. Меѓутоа, се' уште има уште многу што да се направи и уште многу можности да се искористат. Треба да ја искористиме предноста на олеснувањето на билатералниот визен режим… Романските компании се заинтересирани за инвестирање во Македонија и учество на јавни продажби организирани од вашата влада во енергетскиот сектор. Исто така, би сакале да добиеме и понуди и бизнис-предлози од Македонската трговска комора.

    Во минатото Романија беше многу атрактивна дестинација за гостите-работници од Македонија, сега повторно привлекува работници од овој регион?

    Навистина верувам дека статусот на Романија како земја-членка на ЕУ и на НАТО и нејзината динамична економија ја претворија државата навистина во атрактивна дестинација за работниците од регионот. Нашата економија продолжува да расте (растот на БДП е околу шест проценти) и тоа доведува до посериозна потреба за работна сила. На пример, во декември 2007 година, романска економска мисија беше во посета на Македонија со цел да го промовира романскиот градежен сектор. Меѓу другото, изразивме подготвеност да примиме работна сила од Македонија.

    За време на Вашата посета на Македонија ќе бидат потпишани неколку договори и протоколи. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за ова?

    Протоколот за дополнување на договорот за инвестиции е важен чекор во усогласување на билатералната правна рамка со легислативата на ЕУ. Би сакале да продолжиме понатаму, со потпишување нов договор за економска, научна и техничка соработка. Ако преговорите бидат заклучени во тој временски период, ќе бидеме во можност да ги потпишеме во мај, за време на посетата на романскиот претседател на Скопје.

    Друг важен договор потпишан денес е протоколот меѓу двете министерства за образование. Меѓу другото, документот договара реципрочно одобрување на стипендии за македонски, односно романски студенти.

      Similar topics

      -

      Сега е точно Сре Мај 15, 2024 4:36 am