МАКЕДОНИЈА

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
МАКЕДОНИЈА

македонија вечна


    makedonska nacija

    avatar
    Admin
    Admin


    Број на мислења : 19
    Age : 42
    Location : makedonija
    Registration date : 2007-12-23

    makedonska nacija Empty makedonska nacija

    Пишување  Admin Пон Апр 20, 2009 1:41 pm

    Неодамна промовираната книга „Сè за Македонија” којашто содржи документи и писма на Тодор Александров и ВМРО во периодот 1919 - 1924 година ја разбранува јавноста, а се јавија и досегашните суверени толкувачи на нашето минато. Со авторот на зборникот, историчарот д-р Зоран Тодоровски се осврнуваме на делото на Александров и на одгласите по објавувањето на книгата
    .................
    Според интонацијата од промоцијата на Зборникот, не се прави ли обид со валоризирањето на делото на Тодор Александров да се примени (до)сегашната југокомунистичка методологија - потенцирање на македонската државна идеја, а максимално криење на бугарското етничко чувство на нашите дејци, со што само кај нас префиксот ВМРО добива(ше) инородни идеолошки стереотипи?
    - Во документите на Зборникот воопшто не се прикрива етничкото чувство. Меѓутоа, досега нашата историографија беше селективна и еднонасочна. Афирмирајќи ги комунистичките и левите струи во македонското револуционерно движење, неоправдано и ненаучно ги запоставуваше десните струи во истото движење. Таа ненаучна поделба го доведе народот, а особено нашата младина во една состојба на галиматијас. Треба да си признаеме дека 50 години во нашата историографија, во најголем дел, се пишуваа невистини од идеолошки аспект за Тодор Александров, затоа што и кај нас и во Бугарија 50 години историографијата ја диктираше една партија. Од 1990 година кога се урна еднопартискиот систем, се отворија архивите и дојдовме и до други вистини. Во овие изминати години други пишуваа и го валоризираа ликот и делото на Тодор Александров - значи тоа беа второстепени документи. Целта на овој зборник е да се презентираат изворните документи на Тодор Александров, што тој пишувал и за што тој се залагал, односно документи од прва рака, како што велиме ние историчарите.

    ..............
    Дел од јавноста и некои Ваши колеги историчари Ве обвинуваат дека промовирате зборник за човек кој се чувствувал како Бугарин. Кој наш револуционерен деец му противречел на Александров по тоа прашање?
    - Речиси никој. Уште робуваме на поделбата на леви и десни. Во етничка, во национална смисла сите биле со исти сознанија, со иста свест. Во таа смисла не можеме да правиме разлика меѓу левите и десните. Уште робуваме на такви ненаучни и селективни поделби и ставање на црни листи, со коишто нашите историчари прикриваат одделни негативни страни на личностите што ги проучувале, на своите херои, за да не се урнат нивните митови. Па затоа тие така реагираат на зборник на документи, којшто всушност не го виделе. Тоа само говори за нивната општа човечка култура, а да не говориме за академска и историска етичност. Сè уште робуваат на старите сознанија, на приказните, и им пречат документите. Речиси сите наши дејци, од левицата и десницата во етничка смисла биле исти, сите се декларирале за Бугари. Исти биле и за самата идеја, целта на организацијата - самостојна, независна, обединета Македонија. Меѓутоа во методот и средствата за постигнување на истата цел, се разликуваа. Левите се залагаа за ослободување и создавање на автономна, независна и самостојна Македонија по легален пат, а десницата, односно Тодор Александров сметал ако не може да се дојде до слобода по легален пат, да се применат и револуционерни средства, или поточно да се дејствува преку вооружените четнички акции на организацијата. Би сакал да подвлечам, независно како некој се чувствувал, може да биде Французин, Русин, Ерменец, важно е за каква цел се борел во однос на Македонија, а тоа несомнено било, како што се потврдува од бројните документи на Тодор Александров - за самостојна, независна Македонија. Тоа е и денешниот идеал, да опстои нашата Република Македонија. Идеалот треба да биде ист и кај Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите. Да се зачува интегритетот на независна и суверена Република Македонија, без разлика кој како се чувствува.
    Новинарот Виктор Цветаноски обидувајќи се во „Утрински весник” да спротивстави бугарска (Тодор Александров) и македонска кауза, вели: „Сандански ја застапувал тезата дека треба да се работи меѓу македонскиот народ и на теренот да му се објаснува дека тој е посебен народ...”?
    ........................
    - Никаде Сандански нема таква изјава. Тој имал исти погледи и ставови како и другите македонски дејци од левицата и десницата, и тој се сметал за Бугарин. За него има малку документација, има повеќе другите што пишуват за него. И она малку што го напишал, кога кажува за населението во Македонија, никаде не спомнува македонски народ како посебен етнос, туку дека: „Во Македонија живеат Бугари, Турци, Албанци...”
    Основно правило при проучувањето на историјата е да се обрне посебно внимание на изворот и на времето, кој го напишал или изјавил и кога, во какви политички околности. Во последните 60 години кај нас, во услови на еднопартиски комунистички систем, знаеме од каква провиниенција беа изворите и како требаше да се пишува. На пример, се цитира наводна изјава на Анастас Лозанчев: „Тодор Александров убил повеќе луѓе отколку што загинале за време на Илинденското востание”. Кој го рекол тоа? Кога го рекол? Тоа е многу значајно. Потребен е документ за потврда на веродостојноста. Тогаш и сега секој може да изјави, да каже нешто без каква било последица. Велат Тодор Александров убил стотици души. Денес никој не се прашува, по Втората светска војна нашата комунистичка власт - Тито, Колишевски, Страхил Гигов, Крсте Црвенковски, Вера Ацева - колку луѓе убиле тие? Никој не се прашува!? А, тие се народни херои, споменици им изградивме, не се чепкаат, уште се живи, имаат големи пензии. Никој не се прашува, колку луѓе испратиле на Голи Оток, колку беа стрелани и убиени без судење во Идризово. Тука не се прави никаква паралела. Кој е на власт, тој го диктира правецот на историјата и диктира какви споменици треба да се градат.

      Similar topics

      -

      Сега е точно Сре Мај 15, 2024 1:38 pm