МАКЕДОНИЈА

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
МАКЕДОНИЈА

македонија вечна


    PROD

    avatar
    Admin
    Admin


    Број на мислења : 19
    Age : 42
    Location : makedonija
    Registration date : 2007-12-23

    PROD Empty PROD

    Пишување  Admin Пон Апр 20, 2009 1:57 pm

    И зборот притвор (npHTBopf) ja променил својата етимологија, за разлика од својот изговор.
    Овој збор т.н. црковномакедонски јазик значел трем, а денес истиот збор значи претходен затвор.
    Секако дека има и други вакви примери.
    Етимологијата на еден ист збор (за разлика од неговиот изговор) се менувала и за помали временски интервали од претходно наведените. Така, на пример, зборот спила денес значи стрмна и Голема карпа, но за Македонците во 19 век овој збор значел камен\
    Значи и етимологијата на зборот спила се променила, иако изговорот си останал ист! (Секако дека ќе биде оправдана забелешката дека етимологијата на овој збор е сродна со онаа од 19 век, т.е. дека стрмната и Голема карпа етимолошки е сродна со каменот.
    Да, таа е сродна, но не е иста!).
    Слично е и со веројатниот турцизам џам.
    Во 19 век (според Зборникот на браќа Миладиновци) џам значело стакло, а денес во некои источномакедонски дијалекти џам исклучиво се употребува како термин за прозорец, што исто така претставува сродна, но не и иста, етимологија, за разлика од изговорот, кој си останал ист.
    Значи, не можеме секогаш да бараме идентична етимолошка вредност за два слични збора, посебно не доколку нив ги делат повеќе од два милениума, кога гледаме дека постојат зборови, чија етимологија се променила и за само нешто повеќе од сто години (иако нивниот изговор останал ист).
    Како второ, во продолжение ќе наведеме и такви античко-македонски зборови, кои ги немало во грчкиот јазик, а чија етимологија веќе е докажана од странски лингвисти.
    Изненадува тоа што, нивната докажана етимологија е идентична или многу слична со етимологијата на соодветните (слични по изговор) дене шни македонски и други т.н. словенски зборови.
    Но, да поминеме на презентирање примери.

    ЧЕЛНИКУ (ЗАПИШАНО КАКО: Тсхелнику)

    Случајот со античко-македонскиот збор челнику,е толку интересен,што ќе го приложам целиот пасус,преземен од авторот Хамонд
    (The Macedonian State, стр. 6), каде што тој го споменува овој збор и неговата етимологија.
    Во врска со општественото уредување кај античките Македонци, Хамонд пишува:
    "Системот на водењето на семејството, Групата или племето било патријахално.
    Луѓето Го преземале водството тогаш кога успевале да се докажат како овчари, ловци и војници.
    Тогаш помеѓу нив се избирал најглавниот, КОГО Го викале "челнику" (кај Хамонд запишано како: tshelniku, з. м.), збор кој бил преведен (на грчки, з.м.) од Кантакузен дури во 1334 Година, како phylarchos, или "водач на племе"... "Челнику" (Tshelniku) имал многу Голема моќ.

    Тој самостојно Го утврдувал движењето на Групата, Ги решавал внатрешните проблеми и преговарал со надворешните фактори како претставник на својата Група".
    А сега следи уште еден неверојатен податок.
    Зборот челник (како збор со потполно ист изговор и со потполно иста етимологија!) е регистриран и во т.н. старословенски јазик во Македонија и тоа уште во 11 век!
    И во ова сведоштво исто така е нагласено дека овој збор бил неразбирлив за Грците.
    Доказ за ова е записот на византискиот хроничар Кекавмен, во кој, тој ги опишувал настаните околу востанието на Петар Делјан во 11 век.
    Притоа тој пишува дека на јазикот на востаниците (цитат):
    стратегот се нарекува "челник"!
    За Кекавмен се знае дека добро го зборувал "јазикот на Словените" во Македонија, па затоа и можел да го преведе грчкиот збор стратег како челник.
    (Инаку, стратегот во тоа време бил висок воен чин во Византија).
    Уште поинтересен е податокот што зборот челник (со ист изговор и иста етимологија) постои и во други денешни т.н. словенски јазици!
    Ова значи дека не може да стане збор за никаква "случајност", посебно ако се знае дека постојат стотици илјади можни етимоло шки значења, кои може да ги има еден збор, а овде среќаваме идентично етимолошко значење за збор кој има и идентичен изговор!
    Секако дека не држи забелешката според која "Македонските Словени" на Петар Делјан едноставно го прифатиле овој збор од јазикот на античките Македонци, па затоа го употребувале во 11 век.

    Доколку е така, како тогаш да се објасни податокот што, на пример, и денешните Хрвати го имаат овој збор во својот литературен јазик? Зарем и Хрватите го "наследиле" овој збор од античките Македонци?
    Ист е случајот и со денешните Бугари и Срби.
    И во бугарскиот литературен јазик овој збор си постои со истиот изговор и етимологија (според Речник на бугарскиот јазик), а така е и во српскиот јазик.
    Освен тоа, терминот челник бил поврзан исклучиво со начинот на уредувањето на меѓусебните општествени односи во античката македонска држава, која, во 11 век, одамна не постоела.
    Оттаму, "Македонските Словени" на Петар Делјан никако не можеле да прифатат термин, кој во практика не егзистирал кај античките Македонци во 11 век.
    Во овој век начинот на нивното општествено уредување веќе бил организиран според византиските и христијанските норми (а не според нормите на нивната античка држава, во чија содржина и опстојувал терминот челник).
    Понатаму, се поставува прашањето: доколку овој збор т.н. "Македонски Словени" само го прифатиле од античките Македонци, зошто тогаш истиот збор не го прифатиле и Грците, кои многу подолго живееле во соседство на античките Македонци, отколку што бил случајот со "прекудунавските Словени”?

    Зошто овој збор останал неразбирлив за Грците дури до 14 век?
    Но, дали можеби востаниците на Петар Делјан биле “чисти антички Македонци”?
    Можеби токму тие го користеле овој свој древен термин?
    Одговорот на ова прашање не може да биде позитивен затоа што во своето сведоштво Кекавмен дава и други зборови, кои ги преведува на грчки.
    Сите овие зборови се зборови од јазикот на "Македонските Словени", што значи дека токму тие го употребувале античко-македонскиот термин челник, како свој термин.
    Нашата наука мора да му посвети поголемо внимание на овој античко-македонски збор, чие целосно етимолошко и изговорно поклопување со нашиот соодветен збор, претставува вистинска сензација!
    Исто така, многу е веројатно дека преку овој термин можеби можат да се насетат и други, засега непознати, античко-македонски зборови, доколку се земе предвид фактот што од овој збор во денешниов македонски јазик произлегуваат други, слични на него (чело,челна и сл).

      Сега е точно Чет Мај 16, 2024 6:07 pm