МАКЕДОНИЈА

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
МАКЕДОНИЈА

македонија вечна


    bukures 2008 i MAKEDONIJA

    avatar
    Admin
    Admin


    Број на мислења : 19
    Age : 42
    Location : makedonija
    Registration date : 2007-12-23

    bukures 2008 i MAKEDONIJA Empty bukures 2008 i MAKEDONIJA

    Пишување  Admin Пон Апр 20, 2009 1:34 pm

    95 години откако на мировната конференција во Букурешт, со која заврши Втората Балканска војна, Грција ја доби Егејска Македонија, главниот град на Романија повторно беше место каде што Грција им приреди историска неправда на Македонците.

    Игнорирајќи ги интересите на НАТО, Грција ги оствари заканите за блокада и поддржана од Франција, Португалија, Шпанија и Луксембург ги натера своите партнери да ги погазат сопствените критериуми и вредности.

    А, се наведуваше на конечно приклучување на Македонија кон најсилната воено политичка организација на светот. Не помогнаа ни сценаријата на воено-политичките планери во Вашингтон кои една недела пред самитот предвидоа дека доколку Грција не го прифати предлогот на медијаторот Метју Нимиц - Републичка Македонија (Скопје), земјата да биде примена под времената референца ФИРОМ.
    Џорџ Буш


    Оптимистичките изјави на најмоќниот човек на планетата, кој два дена повторуваше дека Македонија ќе стане членка на Алијансата, не се остварија.

    „Утре НАТО ќе донесе историска одлука за прием на трите балкански нации: Хрватска, Албанија и Македонија. САД силно ја поддржува поканата за членство во НАТО на овие три нации. Овие нации го поминаа тешкиот пат на реформите и изградија слободни општества. Тие се подготвени да придонесат кон НАТО и нивните граѓани ја заслужуваат безбедноста која ја носи НАТО“, изјави тогаш Џорџ Буш.

    Грција охрабрена од малиот број на земји кои отворено застанаа на македонска страна како САД, Турција, Словенија, Бугарија, направи преседан во НАТО и истовремено ја прекрши Времената спогодба со која се обврза да не ја блокира Македонија доколку бара прием како ФИРОМ.
    Дора Бакојани


    Ве сметаме за пријатели, но мораме да ве блокираме. Тоа беше лицемерното објаснување на официјалните грчки претставници во Букурешт.

    „Ќе бидеме многу задоволни кога ќе можеме да го направиме тоа. За да дојде до тоа, мораме да работиме на добрососедските односи. Сакам да им испратам порака на луѓето од ФИРОМ и јасно да им кажам дека Грција имаат пријателски чувства за луѓето во ФИРОМ. Сакаме заедно да живееме во овој регион, мирно и просперитетно“, рече во Букурешт Дора Бакојани, министер за надворешни работи на Грција.

    Откако до долго во ноќта на втори април не успеаја интензивните консултациите меѓу македонскиот државен врв, американските претставници и грчкиот премиер, генералниот секретар на НАТО Шефер изутрината го призна еден од најголемите порази во кариерата.

    Не го разбра потегот на македонските новинари што ја напуштија прес-конференцијата во знак на протест против двојните стандарди на Алијансата.
    Јап де Хоп Шефер


    „Затоа, ние решивме дека поканата за БЈР Македонија ќе биде одложена се до постигнувањето на заедничко прифатливо решение за името. Поттикнуваме неодложно продолжување на преговорите и очекуваме да бидат завршени што е можно побрзо. Тоа е текстот за земјата што се уште не е поканета“, изјави Јап де Хоп Шефер, генерален секретар на НАТО.

    Самитот на НАТО и покрај тоа што беше еден од најтешките психолошки удари врз колективниот дух на нацијата, покажа дека Македонија и во најтешки моменти може да го зачува своето достоинство и виталност.

    „Тоа чувство за неправичност не смее да не измести од основниот курс и од остварувањето на нашите стратешки определби и не смее да не парализира во овој период, туку напротив, треба до максимум да се искористи целокупниот државотворен капацитет и потенцијал во Република Македонија“, рече претседателот Бранко Црвенковски.
    Никола Груевски


    „Ние треба да бидеме горди со тоа што сите земји членки денеска кажаа - вие треба да станете членка на НАТО, вие ги исполнивте стандардите - сите до една препознаа дека Република Македонија, граѓаните на РМ и сите политички чинители во овој период успеаја да ја донесат земјата до таков степен да биде рамна на членките на НАТО“, изјави премиерот Никола Груевски.

    Македонскиот државен врв, кој како ретко кога во Букурешт покажа единство, сепак подоцна не успеа да ги спречи негативните економски последици за земјата, падот на берзата и намалениот интерес за инвестиции кој со влезот во НАТО се очекуваше да биде неколкупати поголем.

      Сега е точно Сре Мај 15, 2024 6:27 pm